ШТО РАБОТИМЕ

НИЕ СМЕ АГЕНТИ ЗА ПРОМЕНИ

Ние сме специјализирани за сите прашања за организациски промени, зголемување на ангажираноста на работниците, развој на инклузивно, партиципативно лидерство и со тоа врзани организациски култури кои ги привлекуваат најдобрите таленти, бидејќи нудат најдобри работни услови и можности за професионален развој. Посебна страст ни е развојот на организациската култура која се базира на семејните обврски и родовата еднаквост. Успешно го имаме развиено и во голем број на организации воведено новиот стандард на работа - MAMFORCE кој ги поддржува организациите во развојот на семејната и родово свесната култура на взаемна поддршка.

Со нашиот активен придонес го поддржуваме напредокот и успехот на организацијата преку развој на одговорна политика на човечките ресурси и со тоа поврзана општествена одговорност спрема вработените и заедницата.

ПРОМЕНИ И ПОДДРШКА ВО ЛИДЕРСТВОТО

Обезбедуваме силна база на знаење и услуги ориентирани на решенија како би и овозможиле на организацијата и поединците да бидат лидери во своите индустрии и подрачјето на работа. Сите наши услуги се поддржани од страна на резултатите од научно втемелени истражувања и години на стратешка и имплементациска експертиза.

  • Консултантските услуги обезбедуваат совети и увид за поставување на основа и понатамошен развој на одржливото работно окружување, втемелено на разновидност и активна посветеност. Нашите експерти се партнери кои во работата со клиентите го внесуваат целото свое знаења кое го имаат стекнато досега и кое постојано го стекнуваат како би дијагностицирале сила и предизвици, го подигаат нивото на свесност за клучните можности и развиваат прилагодени решенија кои го поддржуваат напредокот на жените со постигнување на организациските цели. Обезбедуваме увид и алатки за да направиме промена, бидејќи знаеме што функционира и зошто.
  • Социјален аудит за семејна одговорност и родова еднаквост со сопствена метода MAMFORCE © која служи како стратешка алатка за промена на корпоративната култура и им помага на организациите при креирање на поддржувачка и вклучителна работна клима врз основа на отворена комуникација и доверба со почитување на различностите. Со тоа се создава претпоставка за целосна рамноправност без оглед на специфичните семејни потреби на различните групи во различни фази од животот.
  • Социјален аудит за семејна одговорност и родова еднаквост со сопствена метода MAMFORCE © која служи како стратешка алатка за промена на корпоративната култура и им помага на организациите при креирање на поддржувачка и вклучителна работна клима врз основа на отворена комуникација и доверба со почитување на различностите. Со тоа се создава претпоставка за целосна рамноправност без оглед на специфичните семејни потреби на различните групи во различни фази од животот.
  • Инклузивно лидерство

ГО ИСТРАЖУВАМЕ РАБОТНИОТ СВЕТ И ПРИДОНЕСУВАМЕ СО ПРОМЕНИ

Истражувањето е основа на нашата работа, од дијагноза на менаџерскиот потенцијал и недостатоци до идентификување на најдобрите стратегии кои организацијата и лидерите можат да ги користат за пристапување до најдобрите таленти. Се ослонуваме на научни методи за истражување на целни групи и практики за управување.
Го истражуваме денешното работно окружување и искуството на вработените преку кои се утврдуваат разликите помеѓу мажите и жените. Ја утврдуваме застапеноста на жените на лидерските позиции и ги истражуваме пречките и причини за половата разлика. Со комбинација на истражувањата и практичните имплементации, идентификуваме и нудиме решенија за надминување на пречките и создавање на еднакви работни средини кои обезбедуваат еднакви можности за сите таленти.