РАБОТА И СЕМЕЈСТВО

Работа и семејство – додадена вредност за секого

Мотивирани и ангажирани работници прават разлика. Постигнуваат подобри работни резултати, помагаат да се намалат трошоците, придонесуваат за зголемување на продуктивноста и поврзување со клиентите/купувачите. На кратко: на компанијата и носат конкурентска предност.

Мотивацијата на вработените во голема мера зависи од тоа колку работодавачот е во состојба флексибилно да одговори на нивните потреби. Потреба која денес има централно значење, а во иднина сигурно ќе биде уште поизразена е усогласување на работата и семејството.

MAMFORCE помага при развојот на политиката за управување која го поддржува развојот на културата на семејните обврски и родовата еднаквост.

Недостатокот на квалификувана работна сила го прави стручниот кадар се повеќе и повеќе вреден. Но високо квалификуваните жени не сакаат да избираат помеѓу кариерата и мајчинството. Татковци сакаат активно да учествуваат во одгледувањето на нивните деца. Раководителите сакаат да преземат одговорност за резултатите, задоволството на клиентите, соработниците и сопственото семејство. Демографските промени ставаат акцент на грижата.

Ако работодавачот е во можност да одговори на овие барања флексибилно, за тоа ќе се говори и тоа ќе му се исплати: на тој начин се обезбедува лојалност кај соработниците, ги мотивира вработените, ги врзува клиентите и привлекува внимание. MAMFORCE одговара токму на наведените барања за поголема флексибилност на организацијата во прилагодување на работните услови спрема потребите на вработените. Преку научно заснована методологија им помага на работодавачите во развојот на семејно свесната политика на човечките потенцијали, која им помага во привлекување и задржување на најдобрите таленти. MAMFORCE е знак за квалитет за семејно свесна политика при управување со човечките ресурси.

MAMFORCE симболизира практични, деловно ориентирани решенија.

Искористете ги!