ПРОЦЕС НА ПРОЦЕНКА

Компаниите што остваруваат право на MAMFORCE COMPANY® стандардот поминуваат низ независен процес на проценка со користење на научно базирани методи, развиен во соработка со водечки академски и меѓународни институции.

Се проценуваат постојните политики за управување и работните практики за да се добијат мерливи индикатори за системот на управување во однос на локалниот пазар (релативен стандард) и во однос на најдобрите можни практики (апсолутен стандард). Врз основа на увид во сите извори на информации, податоците се анализираат и оценуваат во однос на апсолутниот и релативниот стандард. Тимот за сертификација изготвува извештај со предлог конкретни мерки за подобрување на постојните политики. Се спроведува стратешка работилница со менаџментот на којашто се дефинираат целите и фокусот за развој во иднина во согласност со деловната стратегија на компанијата. Од ова произлегува конкретен акциски план за подобрување на политиките и условите за работа во делот на одговорноста кон семејството и родовата еднаквост. Со тоа се стекнува со правото на таканаречен ОСНОВЕН MAMFORCE COMPANY® Standard, a со спроведување на договорените политики и мерки се креира генерално поздрава корпоративна клима којашто води до подобри бизнис резултати.

Првата фаза на проценка за добивање на основниот стандард трае три до шест месеци.

Во текот на следните шест до дванаесет месеци организациите ги имплементираат договорените политики и мерки што е потребно повторно да се проверат за да се стекне правото на целосен MAMFORCE COMPANY® стандард во една од трите категории:

MAMFORCE CHANGE - ги означува компаниите што се подготвени да развијат семејна одговорност и родова еднаквост.

MAMFORCE GROW - ги означува компаниите што веќе имаат постигнато одредени цели и што се посветени за понатамошен напредок во клучните области на семејната одговорност и родовата еднаквост. Тоа се компании што имаат развиено точно определени програми, што континуирано работат за подигнување на свеста за семејните обврски и важноста на родовата еднаквост при креирањето на политики за вработување, развој и промоција, како и општо во управувањето. Посветени се на понатамошниот развој на акцискиот план и конкретните мерки што им носат придобивки во бизнисот.

MAMFORCE LEAD - ги означува компаниите што веќе ги имаат надградено постојните практики на управување со човечките ресурси во клучните области, ја имаат имплементирано точно определената програма и веќе имаат мерливи индикатори за спроведените мерки. Развиена е култура на взаемна поддршка и вклученост, којашто подразбира чувствителност за специфичните потреби и разлики. Можноста за вработување и унапредување се базира на принципот на еднакви можности, што се рефлектира на сите нивоа на менаџмент преку еднаква родова застапеност. Еднаквоста на плата за иста работна позиција е стандард на вработувањето. Тоа се компании што веќе остваруваат придобивки од политиките одговорни кон семејството и родова еднаквост.