објави јавен повик за компании

Проектот Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект и Бизнис Конфедерација отвора јавен повик до компаниите за учество во процесот за поддршка во имплементацијата на MAMFORCE стандардот.

MAMFORCE® ги поттикнува работодавачите, со одговорно управување да им помогнат на вработените во усогласувањето на нивниот приватен и деловен живот. Однесувајќи се со разбирање кон нивните семејни обврски, тие создаваат можности за еднакво успешен развој на кариерите на вработените мајки и татковци.

Дополнителни информации можете да најдете овде.