Награда на MAMFORCE Standard во Скопје

11.12.2019.

Скопје – На Денот на одговорни бизниси што денес се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите им беше оддадено признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот на компаниите коишто применуваат добри практики и заштита на човековите права им е главна одредница во работењето. Им беше оддадено признание и на компаниите што го спроведуваат Mamforce стандардот како алатка за родова рамноправност.

На настанот се истакна дека бизнисите влијаат на човековите права без разлика каде се и какви се поединостите на нивното работење. Тие имаат одговорност да ги почитуваат човековите права во сите сегменти од своето работење од работните. Компаниите кои само декларативно се придржуваат кон овие обврски, ризикуваат да изгубат бизнис.

Основниот стандард, што значи дека организацијата го помина системот за оценување и допрва треба да добие понатамошна работа од Кузон, Фармахем, Реплек, Овион и Лион, правејќи го првиот чекор кон постигнување на родова еднаквост и надградување на деловните практики пријателски за семејството. Потврдите беа презентирани од авторот на методот на вреднување Дијана Кобас Дешковиќ и ги запозна учесниците на важноста на родовата еднаквост за успешен бизнис.

„Меѓународните истражувањата покажуваат дека жените се недоволно застапени на пазарниот труд, ги нема на менаџерските позиции и покрај тоа што се образовани, што значи дека како општества губиме неискористен потенцијал. Економските анализи покажуваат дека до 2050 година, доколку се имплементираат стратегии кои тргнуваат од родовиот елемент, БДПто на ЕУ ќе се зголеми За 9,6 отсто.“ истакна г-а Диана Кобас Дешкович.

„Алкалоид“, „ЕВН“,„Интер Партес“, „Novomatic group of companies МК“ и „Прилепска Пиварница“ „Фармахем“, „Цементарница УСЈЕ“ добија признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот.

„Наградата ја воспоставивме за да укажеме на значењето на почитувањето на човековите права во бизнисот и да ја зајакнеме посветеноста на нашите компании во оваа насока. Очекуваме воспоставените критериуми да им укажат на компаниите како поефективно да ги насочат своите политики и практики за да се усогласат со Водечките принципи за бизнисот и човековите права на ОН и со Целите за одржлив развој. Денес речиси сите компании вработуваат работници, имаат добавувачи и деловни партнри од странство, вклучително и од земји по ниско почитување на човековите права. Тие нудат бројни производи и услуги и потребно е да знаат како да осигураат дека тие нема да бидат злоупотребени за нарушување на човековите права. Поради тоа креиравме пакет за поддршка на компаниите којшто ќе им помогне да ги идентификуваат клучните ризици во нивната компанија во однос на човековите права и да вградат политики и мерки што ќе осигураат дека ризиците нема да се реализират“, рече Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Активностите на денешниот Ден на одговорни бизниси се дел од проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија”.

целото соопштение за печатот.