MAMFORCE МЕТОДА

MAMFORCE© je inovativna metoda procene i poslovne sertifikacije koja objedinjuje korporativnu odgovornost prema porodici i rodnu jednakost.

Методата на проценка е научно основана и развиена во соработка со водечки академски и меѓународни институции.

MAMFORCE методата© е стратешка алатка за промена на организациската култура, која им помага на компаниите во создавањето на поддржувачка и инклузивна работна средина врз основа на отворена комуникација и доверба со почитување на различностите. Со ова се создаваат претпоставки за целосна еднаквост без оглед на специфичните семејни потреби на различни групи во различни фази од животот. Во поконкурентната средина, се поважна е продуктивноста и максималното користење на сите расположливи ресурси. Жените сочинуваат повеќе од педесет проценти од населението и во повеќето земји со ист број или повеќе како работна сила. Дел од постоечките женски, но и машки таленти не доаѓаат до израз, поради тоа што организациската култура е заснована на нефлексибилност, недоволна чувствителност и недостаток на поддршка низ разните фази од животот на вработените. Одржлив развој не е можен без соодветно користење на постоечките таленти. Менувањето на културата значи менување на начинот на размислување и начинот на работа, што може да се постигне преку серија на мерки што ги предложуваме.

НАСОКА НА РЕЗУЛТАТОТ

Различни сме, бидејќи сме фокусирани на ефикасно работење и резултати. Тоа не би било без активно вклучување на вработените, взаемна поддршка, отворена комуникација, доверба и поддршка на лидерството.

КОМПЛЕТНА АНАЛИЗА

Тимот за сертификација, со помош на MAMFORCE методологијата© собира и анализира податоци од различни организациски извори.

ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП

Секој извор на информации е еднакво важен. Со комбинирање и споредување ги утврдуваме еднаквостите и разликите, а потоа со тоа им даваме на компаниите увид во фактичката состојба на ефикасноста на постоечките политики и мерки. Индикаторите кои ги добиваме на овој начин ги нарекуваме можности за подобрување на патот кон целосни семејни обврски, родова еднаквост и подобра конкурентска позиција преку привлекување, развивање и задржување на талентите.

КЛУЧНИ ОБЛАСТИ ЗА ПРОЦЕНКА

Ние сме фокусирани на организациската култура и начин на работење, која овозможува прилагодување на приватните и деловните обврски со почитување на начелата на еднакви можности за жените и мажите.