ИСКУСТВА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Емилија Мицкоски, маркетинг експерт, Вип

Работата во маркетинг во една од најдиминачните индустрии, посебно на македонскиот пазар, бара буквално 100% ангажираност, проекти кои треба да се извршат во краток рок и многу стресни ситуации. Од друга страна како сопруга, а пред се како мајка на 3 мали деца, соочена сум со бесконечно многу обврски, а сето тоа бара работна средина која ќе овозможи сигурност за да може да се организираат сите активности – на работа и дома. Вип е средина во која имам разбирање, поддршка и соработка, пред се од моите непосредни претпоставени, но и општо владеење на компаниска култура која овозможува баланс на приватниот и професионалниот живот. Среќата и позитивната енергија од дома се трудам да ја ширам и во моето “семејство” на работа. Тоа многу ми го олеснува секојдневното функционирање. Од исклучителна важност ми е што компанијата учествува во скоро сите значајни општествени настани поврзани со спортот, природата, итн. и се трудам заедно со своето семејство да бидам присутна на сите, и на тој начин да го зближам моето петчлено семејтво со професионалното, илјадачлено семејство.